Гвардиола уверен: Ќе играме во полуфиналето во Лигата на шампионите

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изрази уверување дека неговиот тим ќе го надомести заостанувањето од Тотенхем и ќе се пласира во полуфиналето на Лигата на Шампионите.

„Петлите“ победија со 1:0 во Лондон, а во средата е реваншот на „Етихад“.

– Ако ме прашувате што ќе се случи, тогаш ние ќе бидеме во полуфиналето. Такво е моето чувство во моментов. Такво чувство имав и по првиот натпревар, како и откако ја гледав снимката. Може и да грешам, но мислам дека ние ќе бидеме во полуфиналето. Резултатот во Лондон не беше идеален, но не е катастрофален. Способни сме да постигнуваме голови и токму тоа ќе го направиме, изјави Гвардиола пред „Скај Спортс“.

Победникот од двојката Манчестер Сити – Тотенхем ќе се сретне во полуфиналето Јувентус или Ајакс.

Би можело да ве интересира

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ

„Телеграф“: ФИФА планира да воведе и син картон како форма на казна