Гвардиола смета дека Куман заслужува уште една година во Барселона

Од:

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола изјави дека Роналд Куман заработи право на работа барем уште една година во Барселона.

– Куман е совршен тренер за Барселона следната сезона. Драго ми е што претседателот на клубот, Жоан Лапорта, го разбира ова. Минатата сезона беше тешка за сите. Роналд заслужува да добие уште една година, веќе со навивачи на трибините за време на натпреварите. Покрај тоа, вторите сезони обично излегуваат подобри за секого отколку првата. Барселона покажуваше добар фудбал од време на време и беше една од најдобрите во Шпанија во изминатата сезона, го цитира „Гол“ Гвардиола.

Шпанскиот тренер ја водеше Барселона од 2008 до 2012 година.

Роналд Куман стана главен тренер на Барселона летото 2020 година. На 3 јуни, претседателот на клубот, Жоан Лапорта, објави дека холандскиот фудбалски стручњак ќе остане во каталонскиот клуб и за сезоната 2021/22.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска