Гвардиола: Следната сезона пак тргнуваме по титулата

Од:

Менаџерот на актуелниот англиски шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека веќе знае како ќе го зајакне составот на трансфер-пазарот и дека тимот ќе биде подготвен да се соочи со Ливерпул во борбата за титулата следната сезона.

На Ливерпул му требаат уште пет бода на преостанатите осум натпревари во Премиер лигата за да го обезбеди трофејот за првпат по три децении, со што ќе го симне од тронот шампионот од претходните две сезони, Манчестер Сити.

„Ливерпул ќе остане многу силен тим, но одбраната на титулата е нешто многу тешко. Значајно е што ние бевме единствените што успеавме да го сториме тоа за десет години. Од последните девет домашни трофеи, освоивме осум, што не е толку лошо. Мислам дека ќе го сториме тоа следната сезона. Мислам дека не направивме многу во оваа кампања во однос на зосвоените бодови и на теренот. Имаме идеи за трансфер пазарот, следната сезона ќе бидеме подготвени повторно да се бориме за титулата,“ категоричен е Шпанецот.

Манчестер Сити вечер го пречекува Барнли и во случај на пораз, Ливерпул може да стане шампион во среда со успех над Кристал Палас.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор