Гвардиола: Сане оди во Баерн, му посакувам се најдобро

Од:

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола откри за што разговарале со Лерој Сане, кој наскоро ќе се пресели во Баерн (Минхен).

– Тој сакаше да си замине. Секој одлучува за себе што да прави со својот живот. Желбата ми беше тој да остане, но тој ми рече дека Минхен ќе биде подобар за него и тој самиот ќе биде посреќен, рече денес Пеп.

Англискиот клуб се очекува да добие најмалку 50 милиони евра за него.

– Трансферот сè уште не е завршен, бидејќи има неколку детали што треба да се разјаснат. Но, се чини дека Лерој оди во Баерн. Му посакувам се најдобро и му благодарам на годините заедно. Во Германија тој започнува нова фаза во својата кариера во фантастичен клуб, додаде Шпанецот.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ