Гвардиола: Поради Клоп станав подобар тренер

Од:

Тренерот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Пеп Гвардиола, со комплименти зборуваше за неговиот колега на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, спроти утрешната меѓусебна пресметка во Премиер лигата.

Гвардиола наведе дека ривалството со Клоп позитивно влијаело врз неговиот тренерски развој.

– Можеби не уште од првата година, но откако сум тука Ливерпул секогаш беше околу нас. Екипите на Јирген Клоп ми помогнаа да станам подобар тренер. Тој ме постави на повисоко ниво, да се докажувам, да бидам подобар тренер. Тоа е причината поради која сè уште го работам ова, изјави Гвардиола.

Сити во последните четири сезони во Премиер лигата освои три титули, а единствениот пат кога во тоа не успеа, шампионскиот трофеј го освои Ливерпул во сезоната 2019/20.

Би можело да ве интересира

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Ана Ололовска

Лампард дебитираше со победа, Манчестер сити убедливи против Фулам

Ана Ололовска