Гвардиола планира да го напушти Манчестер сити во 2023 година

Од:

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола планира да го напушти англиски првак Манчестер сити откако во 2023 година ќе му истече договорот и се надева дека потоа ќе има селекторски предизвик.

Плановите на 50-годишниот Гвардиола, како што пренесува Би-би-си, се по завршувањето на неговиот седумгодишен престој во Сити прво да земе одмор.

– Мислам дека малку ќе запрам. Мислам дека ќе морам да земам одмор и да направам ретроспектива, изјави Гвардиола.

– Мојот следен чекор потоа ќе биде репрезентација, ако тоа биде возможно. Би сакал да водам некоја јужноамериканска репрезентација, или пак европска. Сакам да играм на Копа Америка, го посакувам тоа искуство, додаде Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Пеп Гвардиола уште две години на кормилото на Манчестер Сити

Гвардиола: Имавме голем тактички проблем со Брентфорд

Гвардиола: Халанд ќе дебитира, освен ако не го скрши глуждот

Гвардиола: Не се грижете, јас нема да сум Алекс Фергусон

А1он

Гаврдиола: Главна цел е да се пласираме во ЛШ

А1он