Гвардиола: Манчестер сити може да потроши 100 милиони фунти за еден играч

Од:

Менаџерот на премиерлигашот Манчестер сити, Пеп Гвардиола, рече дека „граѓаните“ би можеле да го соборат клупскиот рекорд и да потрошат повеќе од 100 милиони фунти за да донесат едно засилување.

Сити досега најмногу пари потроши за трансферот на Белгиецот Кевин Де Брујн, кој во август 2015 година дојде од Волфсбург за 75 милиони евра.

-Досега клупската политика е да не се троши 100 милиони фунти или повеќе од таа сума на еден фудбалер, изјави Гвардиола на конференција за новинари.

-Можеби тоа ќе се случи во иднина кога клубот ќе одлучи дека е неопходно да ја засили екипата за следните пет или 10 години. Трошењето многу пари за еден фудбалер не носи предност. Фудбалот е тимска игра, сите даваат свој придонес, додаде Гвардиола.

Откако беше објавено дека Серхио Агуеро заминува од Манчестер сити на крајот од сезоната, англиските медиуми наведуваат оти Гвардиола би можел да се обиде да го ангажира норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд за кого Борусија Дортмунд бара 180 милиони евра.

-Не знам. Тоа е прашање за Борусија Дортмунд и неговиот агент. Разбирам дека луѓето ме прашуваат за Халанд, тој е исклучителен напаѓач, но непристојно е јас да зборувам за него, рече Гвардиола.

Би можело да ве интересира

Пеп Гвардиола: Би сакал еден ден да станам селектор

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли