Гроздановски: Можеме да го изненадиме фаворитот Франција

Од:

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги продолжи подготовките и по нерешениот исход со Украина, фокусот комплетно го насочува кон мечот во вторник со Франција во Скопје од 6. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во Романија и Грузија 2023 година.

Стрелецот на единствениот погодок во ремито од 1-1 против Украинците и еден од најдобрите поединци на натпреварот Томче Гроздановски е задоволен од играта против силната Украина, особено во второто полувреме.

– Атмосферата во тимот е на високо ниво, тука во репрезентацијата сите функционираме како еден тим, тоа се гледа и на самите натпревари. Што се однесува до дуелот со Украина, одигравме квалитетен натпревар, особено во второто полувреме против силен противник со извонредно технички потковани играчи. Натпреварот го започнавме во грч, бевме повлечени, трчавме многу, но не успеавме да наметнеме своја игра, ја препуштивме иницијативата на противникот. Но, во вториот дуел одигравме многу послободно, агресивно и отворено, а на крајот имавме можност и да ги освоиме трите бода, но немавме среќа, изјави Гроздановски.

Тој додаде дека мислите им се комплетно насочени кон дуелот со Франција, селекција која е топ фаворит во групата.

– Верувам во моите соиграчи и во оваа репрезентација, доколку одиграме онака како што од нас очекува селекторот, верувам дека можеме да ја изненадиме и Франција. Овој тим има квалитетни фудбалери и поседува голем потенцијал, вели Гроздановски.

Би можело да ве интересира

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска

Пендаровски им честиташе на фудбалерите за победата против Исланд

Ана Ололовска

ВИДЕО: Историска победа на фудбалската репрезентација на Македонија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Македонија со гол предност по првото полувреме

Ана Ололовска