Грнчаров: Парите што ги зема ФК Вардар отидоа кај ракометниот клуб, сега нека бараат помош таму

Од:

Поранешниот капитен и столб на одбраната на ФК Вардар, Бобан Грнчаров на својот Фејсбук профил напиша статус во кој вели дека парите кои „црвено-црните“ ги заработиле со историскиот пласман во Лига Европа есента 2017 наместо да завршат во клупската каса, завршиле кај РК Вардар.

– Многу ми е смешно кога гледам коментари Град Скопје да помогне на ФК Вардар. Како прво, Вардар бара помош од Град Скопје кога должи над 2 милиона евра, зашто кога земаа пари од Европа над 5 милиони не кажаа ‘Ај ќе поделиме со Град Скопје’, за утре-задутре ако ни требаат ќе ни помогнат тие. Вардар е приватен клуб и кога зема пари и кога треба да се дадат пари, едино за ова што се дешава моментално е крив еден човек и тој треба тоа да го реши сам (се надеваме дека денес ќе го реши и Вардар ќе добие лиценца), а второ, парите што ги земаа од Лига Европа се во РК Вардар, така да сега нека бараат помош таму, напиша Грнчаров.

Би можело да ве интересира

Барселона ќе остане без дополнителни средства за трансфери

А1он

Хуанма Лио е новиот асистент на Пеп во Сити

А1он

Челзи се согласил за Вернер да плати 60 милиони евра

А1он

Диего Кошта осуден на шест месеци затворска казна

А1он

ФФМ ја прекина фудбалската сезона 2019/2020 и натпреварувањето во Купот на Македонија

А1он

Лингард сака да ја продолжи кариерата во Италија

А1он