Гркот Адетокумбо заработува најмногу од Европејците во НБА

Од:

Грчкото крило на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо, зема најмногу пари од сите европски играчи во НБА. Покрај тоа, тој е единствениот претставник на Стариот континент во Топ 10 на најплатените кошаркари во Лигата, покажува листа, објавена од популарното издание „Форбс“.

Дваесет и четири годишниот Грк се рангирана на седмото место на листата, а вкупните негови приходи се во износ од 43.2 милиони долари оваа сезона. 24,2 милиони од оваа сума доаѓа од неговата плата во Милвоки, а останатите 19 милиони се од различни рекламни договори. Јанис потпиша доста солиден договор со „Најк“ во ноември 2017 година, а освен тоа е рекламно лице на редица други производи како во САД, така и во неговата родна Грција.

Леброн Џејмс е бр.1 по приходи со вкупно 88,7 милиони долари, откако е на чело на листата за петта година по ред, а повеќе од половина пари на „кралот“ доаѓаат од рекламирање – 53 милиони. Последниот кошаркар кој заработил повеќе од Џејмс е Коби Брајант.

Челната десeтка се дополнува од Стеф Кари (вкупно 79.5 милиони долари), Кевин Дурант (65 милиони), Расел Вестбрук (53.7 милиони), Џејмс Харден (47.4 милиони), Крис Пол (43.7 милиони), како и Демијан Лилард (41 милиони), Блејк Грифин (39,1 милиони) и Пол Џорџ (38,6 милиони долари).

Би можело да ве интересира

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите

ЕСПН: Никола Топиќ ќе биде шести пик на НБА драфтот

Горан Наумовски

Трипл-дабл на Јокиќ во победата на Денвер против Милвоки

Адетокунбо: Ги разбирам нашите навивачи кои не исвиркаа