Гризман: Сите се надеваме дека Меси ќе остане

Од:

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман, го коментираше можното заминување на Лионел Меси. Французинот рече дека се надева дека Меси ќе остане на „Камп Ноу“, а тоа е желба на останатите играчи на тимот.

– Се обидуваме да ги следиме новостите на оваа тема, но она што се случува е меѓу него и клубот. Се надеваме само дека Меси ќе остане. Информациите се многу различни, но не ги знаеме деталите. Во оваа фаза сум фокусиран на националниот тим, рече Гризман пред „Екип“.

Како што стана јасно вчера, Меси се предомисли и најверојатно ќе продолжи да игра за Барса. Вакви индиции даде неговиот татко Хорхе по неговиот состанок со претседателот на клубот Пеп Марија Бартомеу.

Аргентинецот не започна да тренира со тимот. Според неговиот договор, доколку не се појави на тренинг во период од 11 до 30 дена, ќе биде казнет со 25% од неговата плата. Каталонците се категорични дека би се разделиле од Меси само доколку некој ја плати неговата откупна клаузула од 700 милиони евра.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот