НБА лигашот Мајами Хит потпиша договори со Џош Мекробертс и Дени Грејнџер.
Раководството на клубот со ангажирање на овие двајца кошаркари се обидува да ја пополни крилната позиција и да го премисли Леброн Џејмс кој сака да го напушти клубот.
Грејнџер е искусен играч кој девет години помина во Индијана, а минатата сезона настапуваше за ЛА Клиперс. Повредите на колената не му дозволија да го даде максимумот и сезоната ја заврши со просек од осум поени и пет скокови.
Сличен ефект минатата сезона имаше и Мекробертс во дресот на Шарлот. Тој просечно постигнуваше по 8,5 поени, 4,8 скокови и 4,3 асистенции. Пред Шарлот настапуваше за Орландо, ЛА Лејкерс, Индијана и Портланд.