Горецка може да го напушти Баерн како слободен агент следното лето

Од:

Фудбалерот за врска на Баерн, Леон Горетца може да го напушти клубот од Минхен следното лето, објави „Билд“.

Според германскиот весник, Баварците имаат проблеми во преговорите околу продолжувањето на договорот со 26-годишниот играч.

Застапниците на Горецка бараат тој да добива 20 милиони евра годишно, додека Баерн нуди 10 до 12 милиони.

Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Барселона, ја следат ситуацијата и се подготвени да го ангажираат играчот за врска следното лето кога ќе му истече договорот и тој ќе стане слободен играч.

Горецка игра за Баерн Минхен од летото 2018 година. Во сезоната 2020/21, фудбалерот одигра 32 натпревари за тимот, постигна осум гола и девет асистенции.

Порталот „Transfermarkt.com“ го проценува фудбалерот на 70 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Нагелсман импресиониран од изданијата на Баерн на стартот на сезоната

Ана Ололовска

Баерн Минхен донесе хрватски тинејџер

Ана Ололовска

Авионот со германските репрезентативци принудно слетал во Шкотска

Ана Ололовска

Баерн ја забележа втората најголема победа во својата историја

Ана Ололовска

Редл повеќе не е селектор на Германија

А1он

Почина кралот на стрелците, легендарниот Герд Милер

Катерина Павлова-Николовска