Горчлив крај на славната кариера на Фернандо Торес

Од:

Шпанската легенда Фернандо Торес стави крај на играњето фудбал, откако денес го одигра својот последен професионален натпревар. „Ел Нињо“ беше разочаран во неговиот последен натпревар, откако неговиот Саган Тосу претрпе домашен пораз со 1:6 од Висел Кобе, во кој играат Андрес Иниеста и Давид Виља.

Триесет и пет-годишниот Фернандо одигра цели 90 минути против поранешните соиграчи во националниот тим на Шпанија. Иниеста постигна гол од пенал, а уште еден поранешен играч на Барселона, Томас Вермален, постигна автогол кој се покажа како почесен за Саган Тосу.

– Денес гледам наназад и не верувам во она што го доживеав. Се чувствувам многу среќно што успеав да ги освојам највредните трофеи во фудбалот. Би сакал да му се заблагодарам на фудбалот што ме направи толку среќен. Сепак, не сакам да го заборавам вистинскиот дел од фудбалот што го прави толку прекрасен – навивачите, “, напиша „детето“ во своето проштално обраќање пред навивачите.

Шпанскиот играч има титули од Европско и Светско првенство со Шпанија во својата визит-карта, како и трофеј во Лигата на шампионите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска