Горбок во составот на Вардар за натпреварот со Висла

Од:

Сергеј Горбок се најде во составот на Раул Гонзалес за вечерашниот меч на Вардар против Висла Плоцк и покрај тоа што 30 дена не тренираше поради повреда, така што „црвено-црните“ ќе имаат дополнителна помош во нападот.

Ова за македонскиот првак ќе биде најважниот натпревар досега оваа сезона.

Победникот од овој дуел ќе се пласира во четвртфиналето во ЕХФ Лигата на шампионите каде најверојатно ќе се соочи со Веспрем.

Првиот натпревар во Полска заврши 30:30.

Вардар ќе настапи со: Штербик, Ангелов, Милиќ, Абутовиќ, Брумен, Циндриќ, Дибиров, Душебаев, Горбок, Карачиќ, Манасков, Македа, Марсениќ, Шишкарев, Стоилов, Тоскиќ.

Висла го пријави следниот состав: Коралес, Вихари, Дашек, Де Толедо, Јонеа, Квјатковски, Монторо Кабелјо, Никчевиќ, Пушица, Ракотеа, Роча, Тарабокја, Вишњевски, Житников.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ