Гонзалес: Подготвени сме за пласман на „фајнал фор“

Од:

Тренерот на Вардар Раул Гонзалес очекува тежок натпреварот во реваншот од четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони против Флензбург во Скопје.

– Следува вториот дел од пресметката. Ќе треба да играме како да немаме предност. Тие имаат силен тим кој во Скопје ќе дојде да постигне повеќе голови отколку на првиот натпревар. Ние без разлика на резултатот од Германија, ќе одиме на победа. Таму играчите ги исполнија задачите и беа на ниво. Имавме поголеми проблеми во второто полувреме кога Флензбург заигра многу агресивно, а очекувам таква нивна игра и во Скопје на која сме подготвени да одговориме соодветно. Психолошкиот притисок сега е врз нас. Како и да е нашата цел е пласман на „фајнал фор“ во Келн и ќе сториме се што можеме да ја оствариме амбицијата, рече Гонзалес на денешната прес-конференција.

Капитенот Стојанче Стоилов верува дека Вардар конечно ќе избори учество на завршниот турнир.

-Имаме два гола предност од првиот натпревар, но тоа не треба премногу да не опушта. Екипата е подготвена и се надевам дека нема да разочараме. Долго време го чекаме тој „фајнал фор“ па мислам дека ова е убава шанса да се пласираме пред нашата публика и заедно да прославиме. Од нас зависи конечниот исход и ако играме како што знаеме мислам дека нема да имаме проблеми, истакна Стоилов.

Натпреварот Вардар – Флензбург е закажан за 27 април (четврток) во 19 часот во СЦ „Јане Сандански“. На првиот натпревар во Германија вардар победи со 26:24.

Билетите за натпреварот се продадени, а клубот ќе постави видео бим пред салата за сите навивачи кои ќе сакаат заеднички да го проследат најважниот меч на Вардар во досегашниот дел од сезоната.

Би можело да ве интересира

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ