Голем успех на младите македонски пингпонгари

Од:

Од 14ти до 18ти април во Линц, Австрија на меѓународниот турнир Raiffeisen Youth Championships 2022 учествуваа петмина македонски играчи од кои четири се дел од репрезентацијата на С. Македонија во категории У15 и У13 во поединечна и екипна конкуренција. На турнирот земаа учество Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, Кристијан Каламадевски и Изабела Ковачовска од ППК Зегин Берово, Фани Јовановска од ППК Крушево и Лука Дворник од ППК Скопје Рисови.

Александар Јакимовски и Кристијан Каламадевски во екипниот дел се натпреваруваа заедно во категорија У15 и завршија со скор 2:7. Во поединечна категорија Александар Јакимовски се натпреваруваше во категорија У15 и заврши со скор 14:8, а Кристијан Каламадевски во категорија У13 и заврши со скор 1:15.

Фани Јовановска и Изабела Ковачовска во екипниот дел се натпреваруваа заедно во категорија У15 и завршија со скор 4:4, и успеаа во утешниот костур да го освојат второто место. Во поединечна конкуренција изненадија девојките освојувајќи две втори место на утешниот костур – Фани Јовановска во У13 конкуренција и Изабела Ковачовска во У15 конкуренција.

Единствениот македонец кој успеа да се пласира на главната табела беше Лука Дворник во конкуренција машки екипно У15 заедно со соиграчот од Шри Ланка и тие заедно го завршија турнирот на високото 16то место.

Сите натпреварувачи покажаа голема борбеност и докажаа дека можат да се носат со посилна конкуренција од цел свет.

Би можело да ве интересира

Заврши Меѓународниот турнир во пинг-понг Зегин Опен 2023

Меѓународната пинг-понг федерација ќе сертифицира 12 македонски тренери, ниво 2

Станојковски и Николов ги одбранија титулите Државен првак во пинг понг

Ана Ололовска

Втор меѓународен меморијален турнир Илија Карески

Ана Ололовска

Отворени меѓународните турнири во пинг -понг и голбал за спортисти со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид

Ана Ололовска

Одиграни 4 кола од регуларниот есенски дел од пингпонгарската Супер лига – мажи и Прва лига мажи

Ана Ололовска