Голем триумф на Вардар над Металург за финале во СЕХА

Од:

Ракометарите на Вардар Про извојуваа голем триумф во трилер завршница во полуфиналето од СЕХА-лигата против Металург со 22:21 и ја продолжуваат одбраната на трофејот во регионалното натпреварување.

Во клучните моменти Карачиќ ја презеде одговорноста врз себе и реализираше од „пикер“ за водство од 22:21.

Металург имаше шанса да израмни, но по акцијата на Батиновиќ до Димовски топката му испадна од раце на искусниот пикер, што значеше и конечен триумф на „црвено-црните“, кои в недела во 19 часот во големото финале ќе ги одмерат силите со Загреб КО.

Карачиќ постигна пет гола за Вардар, пред Стоилов и Раковиќ со по три погодоци додека кај Металург најпрецизен беше Вугринец со пет гола, додека Георгиевски четири пати го матираше Милиќ.

ФОТО: Екипа.мк

Би можело да ве интересира

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП

На сред сезона излезе во јавноста и кажа-крај

Предраг Петровиќ

Скандал-исчезнаа две ракометарки на Светското првенство

Предраг Петровиќ