Годин влезе во историјата

Од:

Дефанзивецот Диего Годин веќе е рекордер по број на натпревари за Уругвај. Дефанзивецот на Атлетико Мадрид излезе по 126-ти пат во дресот на „урусите“ при победата со 4:0 во контролниот меч против Тајланд. Годин го остави во историјата најдоброто достигнување досега, кое му припаѓаше на Макс Переира – 125 натпревари.

Годин беше стартер и остана на теренот до 70-тата минута, кога Уругвај веќе водеше со 3:0. Прецизни за јужноамериканците беа Матиас Весино, Гастон Переиро, Кристијан Стуани и Максимилијано Гомез.

Диего има вкупно 8 гола за националниот тим и беше дел од составот кој ја освои Копа Америка во 2011 година. Тој е учесник на 3 светски шампионати

– Од дете сонував да играм за националниот тим, а денес исполнив уште еден сон. Тоа е мојата најголема награда и вистинска гордост, напиша Годин на „Твитер“

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ