„Го мразам како да е фашист“ – индиски колумнист откри зошто никогаш не би навивал за Ѓоковиќ

Од:

По победата на Вимблдон, со која се израмни по бројот на грен-слем трофеи со најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и натаму е во центарот на вниманието на тениската и спортската јавност.

Додека повеќето анализи и колумни го фалат последното достигнување на српскиот тенисер и ја потврдуваат тезата дека тој е најдобриот играч во историјата на спортот, индискиот колумнист Шајам Камал напиша текст со наслов „Зошто не можам да навивам за Ѓоковиќ“.

„Да морам да одберам еден играч да игра тенис за мојот живот, не ги го одбрал Ѓоковиќ, дури и ако знам дека тоа ми е единствената шанса да останам жив“, напиша Камал.

Тој признава дека Ѓоковиќ веројатно е најдобриот на сите времиња, но го обвини дека е „студен“ и дека игра недопадлив тенис.

„И покрај сѐ, морам да признаам дека тој е веројатно најдобриот тенисер на сите времиња, иако таа дебата сѐ уште трае. Го мразам како да е фашист. Зошто? Затоа што неговата мајка Дијана во 2008 година рече „Кралот е мртов, да живее кралот“, кога Ѓоковиќ го победи Федерер во Австралија во 2008 година. Кога 13 години подоцна го видов неговото име повторно на ѕидот на Вимблдон, се сетив со колкава страст го мразам. Но, тој и натаму е тука. Подобар е од Надал и од Федерер, сѐ му е подобро од нив, сѐ е на негова страна“, пишува индискиот колумнист.

„Како стана најдобар? Видовте во финалето на Вимблдон, последниот поен. Играше 11 удари на 2:1 во сетови и 5:3 против еден Матео Беретини и чекаше тој да погреши. Тоа е добар потег, но кој сака таков тенис?“, вели Мајал.

Тој додава дека долго размислувал зошто го мрази Ѓоковиќ, а веројатно тоа е „ладнокрвноста и мртвиот стил“ на српскиот тенисер.

„Ако сте навивач на Надал и Федерер имате што да сакате. Вака… да, тој е најдобар и премногу е добар за да бидете возбудени околу него. Непобедлив е. Ако звучам огорчено, тоа е затоа што сум“, заклучува Индиецот.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ