Главниот спонзор „Ракутен“ ја прекина соработката со Барселона

Од:

Јапонската компанија за интернет трговија „Ракутен“ ја прекина соработката со шпанскиот фудбалски гигант Барселона и со тоа уште повеќе ги зголеми грижите на клупскиот претседател Жоан Лапорта, јавија денеска шпанските медиуми.

„Ракутен“ и Барселона соработуваа од 2017 година, кога потпишаа тригодишен договор вреден 55 милиони евра по сезона за спонзорскиот натпис на дресот на каталонскиот клуб.

Минатата зима договорот беше продолжен, но спонзорскиот износ беше намален на 30 милиони евра годишно.

Спонзорскиот натпис на ракавот на дресот на Барселона, на кој се рекламира турскиот производител на бела техника „Беко“, исто така, ќе биде променет.

И покрај ова, како што наведуваат шпанските медиуми, Барселона има на масата неколку спонзорски понуди и во клубот се надеваат дека ќе успеат многу брзо да склучат подобри договори.

Би можело да ве интересира

Отказот на Куман ќе ја чини Барселна огромни 12 милиони евра

Барселона сака да го назначи Чави на тренерската позиција

Барселона без Араухо, Дембеле и Педри на дербито со Реал

А1он

Манчестер сити ги помина Реал и Барселона во листата на најскапи клубови

Ана Ололовска

Повеќе од 40 луѓе се повредени за време на масовни прослави во Барселона

Каталонските сепаратисти одржаа голем митинг во Барселона пред разговорите со владата