Ѓунеш веќе не е селектор на Турција

Од:

Фудбалската федерација на Турција и селекторот на националниот тим Шенол Ѓунеш договорија денеска заемен прекин на соработката.

До раскин на договорот дојде откако турската репрезентација загуби во вторникот во мундијалските квалификации со високи 6-1 на гостувањето против Холандија во Амстердам.

За Турција тоа беше прв пораз во квалификациската група Г, на кој му претходеше и киксот на домашен терен против Црна Гора, кога Турците освоија само бод по водството од 2-0.

– По разговорот со главниот тренер на националниот тим Шенол Ѓунеш, одлучено е спогодбено да се разделиме, стои во официјалното соопштение на Турската фудбалска федерација.

Гунеш седна на селекторската клупа во март 2019 година, а, засега, се уште нема официјални најави кој би можел да го наследи на должноста.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски