Ѓоргоноски: Создаваме услови секое дете да ги покаже своите афинитети и развие својот талент кон ракометот

Од:

Четири месеци од почетокот на проектот „Ракомет за секое дете“ наменет за дечиња од 7-12 годишна возраст, во организација на агенцијата КМГ Груп Спорт се одржа првиот турнир со учество на екипи од Велес, општините Аеродром, Кисела Вода, Карпош, како и градот Битола.

Повеќе од 110 момчиња и девојчиња, во СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром ги одиграа своите први натпревари и имаа шанса меѓусебно да се дружат и забавуваат.

– „Ракомет за секое дете“ е плод на повеќегодишниот ангажман, личен и на мојата агенција, во сегментот на работа со најмалите категории момчиња и девојчиња и искуството кое се акумулирало во изминатите шест години, истото да се насочи кон создавање услови секое дете во Скопје и Македонија да ги покаже и развие своите афинитети кон ракометот, создавајќи база на деца кои би трчале по ракометната топка и кои во иднина би се надградувале и насочувале. Самиот проект во моментов опфаќа школа за ракомет, но во иднина се предвидени и уште неколку сегменти и тоа мини лига во ракомет во која децата би се натпреварувале и би стекнувале искуство, кампови, семинари, вели Горан Ѓоргоноски, основач и менаџер на проектот.

Планот е во иднина, школата да продолжи со активности во овој сегмент и да организира турнири, како во Скопје, така и во другите градови.

-Ова е млад проект, но со луѓе кои се многу искусни во делот на спортскиот менаџмент и организација на настани но и со тренери кои се исклучително посветени и желни за пренесување на своето знаење, додава поранешниот македонски ракометен репрезентативец.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска

Среќно „ракометно реми“ на Еурофарм Пелистер со Агуаш Санташ 27:27

Ана Ололовска