Ѓорѓевиќ: Ќе играме против најдобрата репрезентација на Првенството

Од:

Кошаркарската репрезентација на Србија по 2009 година повторно ќе игра во финале на Европско првенство.

Утре во Истанбул противник ќе им биде селекцијата на Словенија, која за разлика од Србија има ден повеќе за одмор во пресрет на финалето. Словенија полуфиналето со Шпанија го играше во четврток, а Србија со Русија играше во петок.

– Словенија е апсолутен фаворит во финалето. Играат исклучително разиграно, сигурно и полетно. Тие се најподготвена селекција на шампионатот, со исклучителни играчи на сите позиции. Ќе играме против најдобарата репрезентација на првенството, Словенците играат феноменална кошарка, изјави селекторот на Србија Александар Ѓорѓевиќ.

Селекцијата на Србија финалист беше и на последното Светско првенство во Шпанија 2014 година и на последните Олимписки игри во Рио 2016 и во двата наварти беше поразена од репрезентацијата на САД.

Би можело да ве интересира

Партизан првпат победи во Литванија, Хезоња ги крена Реал кај Монако

Кошаркарската ѕвезда Бритни Грајнер е префрлена од затвор во руска казнена колонија

Горан Наумовски

Американката Мерит Хемпе доби македонски пасош и ќе ја засили нашата репрезентација

Партизан демантира дека преговара со Кампацо

ВИДЕО: Кошаркарки на Мали се истепаа во микс-зоната додека Србинка даваше изјава

Полјаците ги „спакуваа“ Дончиќ и Словенците!