Ѓорческа запрена во четвртфиналето на фјучрсот во Египет

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа е запрена во четвртфиналето на фјучрс турнирот (се игра на тврда подлога) во египетскиот град Шарм ел Шеик откако загуби од Сара Сорибес Тормо од Шпанија. Нашата тенисерка во меч со многу пресврти со петтата носителка загуби со 2-1 во сетови по 2 часа и 12 минути игра. За пласманот во четвртфиналето Ѓорческа ќе добие нови 25 поени.

Македонската тенисерка одлично го почна мечот и поведе со 1-0 во сетови откако го доби сетот со 7:5 во гемови. Противничката поведе со 4:1 во гемови, а Ѓорческа успеа да изедначи и да го добие првиот сет. Во вториот сет нерешено беше до 3:3 во гемови, а потоа Тормо го доби сетот со 6:3 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓорческа имаше брејк предност и водство со 2:0, но ривалката клучниот пресврт го направи откако доби пет гема во серија за водство од 5:2 и сетот ги доби со 6:3 во гемови.

Ѓорческа во мечот имаше 4 брејка од 4 можности, а Тормо 6 од 14.

За Ѓорческа вечерва останува уште и мечот од четвртфиналето во двојки каде со Кристина Дину од Романија ќе играат против Гуадалупе Перез Рохас (Аргентина) и Џил Тајџман (Швајцарија).

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен