Македонската тенисерка Лина Ѓорческа на денешната ВТА листа го бележи својот најдобар ранг во кариерата. Таа се наоѓа на 439.место и има скок од 27 позиции.
Напредокот се должи на деветте поени освоени на фјучрсот во Сараево и сега има вкупно 80 поени.
Ѓорческа во конкуренција на двојки се наоѓа на 446.место.
По еднонеделната пауза нашата тенисерка ја очекуваат мечеви на фјучрс турнирот во Ниш, Србија.