Ѓорческа против Заневска во првото коло на ВТА турнирот во Лимож

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа денеска го игра мечот од првото коло на ВТА турнирот во Лимож (тврда подлога) што се игра за награден фонд од 125.000 долари. Нејзина ривалка и е Марина Заневска од Белгија, која се наоѓа на 128 место на ВТА листата.

Нашата тенисерка и покрај поразот во еден од финалните мечеви од квалификациите како „среќен губитник“ по отказот на Арнча Рус доби шанса за настап на турнирот како тенисерка со највисок ранг од пријавените што не се пласирале.

Инаку, ова ќе биде втор меч меѓу Ѓорческа и Заневска, а првиот во септември годинава на ИТФ фјучрсот во Сент Мало го доби белгиската тенисерка со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0).

Почетокот на мечот е во 10 часот и ќе значи старт на денешната програма на која се предвидени да се играат седум мечеви.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен