Ѓорческа продолжува со победите во Русе

Од:

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа (630.место на ВТА листа) продолжува со победите на фјучрс турнирот во Русе, Бугарија.

Таа денеска оствари по една победа и во поединечна и во конкуренција на двојки. Во рамки на 2.коло во поединечна конкуренција ја победи Далија Зафирова од Бугарија со 6:2 и 6:3 по сетови.

Утре во четвртфиналето ќе игра против носителката број 4 на турнирот Михаела Боев од Белгија, која на ВТА листата се наоѓа на 603.то место.

Во двојки заедно со Романката Камелија Елена Христеа со пресврт во полуфиналето ги елиминираа првите носителки Изабела Шиникова и Далија Зафирова од Бугарија.

Првиот сет им припадна на противничките со 6:2, а потоа Ѓорческа и Христеа изедначија откако го добија тај брекот во вториот сет 7:6 (7:2). И во решавачкиот сет за пласман во финалето беше 10:5 на поени за македонско-романската комбинација.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен