Ѓорческа остана без трофеј во Русе

Од:

Лина Ѓорческа најдоброрангираната македонска тенисерка го загуби финалето на фјучрсот во Русе, Бугарија. Поуспешна од неа во денешниот завршен меч беше Диана Сумова од Чешка. Тенисерка од Чешка ги доби двата сета со 6:1 и 6:3 во гемови. Нашата тенисерка имаше проблем со својот сервис и освои само еден гем, додека имаше три освоени на сервис на противничката.

Ова за Ѓорческа беше второ финале во 2013 година и претходното во Арад го загуби.

Ѓорческа за пласманот во финалето ќе освои нови 8 ВТА поени и со 4-те поени освоени на претходниот фјучрс во Албена, на утрешното ново рангирање би требала да направи скок на листата.

Ѓорческа од утре продолжува со настап на турнир во Бургас.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен