Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето во Гечо

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се пласира во четвртфиналето на ИТФ турнирот во Гечо, Шпанија.

Ѓорческа во второто коло по два часа и 26 минути игра беше совладана во три сетови од шпанската тенисерка Олга Саез Лара.

Првиот сет беше решен во корист на домашната тенисерка со 7:5, а Ѓорческа убедливо го освои вториот со 1:6. Саез Лара со 6:4 победи во третиот сет и го доби натпреварот.

Турнирот во Гечо се игра на земјена подлога.