Мечот на македонските тенисерки на фјучрсот во Албена и припадна на Лина Ѓорческа (19 години). Таа во 2. коло ја совлада Магдалена Стоилковска (17 години) со 2:0 во сетови (7:5 и 6:2).
Неизвесно беше само во првиот сет до резултатот 5:5 во гемови, а потоа Ѓорческа која на 625.место на ВТА листата немаше проблем во мечот со Стоилковска, која нема ранг во овој момент. Со пласманот во 2.коло Стоилковска ќе го освои првиот поен и ќе добие ранг на ВТА листата.
Во четвртфинале Ѓорческа ќе игра против бугарката Борислава Ботушарова (510. место ВТА листа), која во неделата победи на фјучрсот во Варна.
Во игра на двојки попладнево (четвртфинале) Ѓорческа заедно со Романката Камелија Елена Христеа ќе играат против Романките Даниела Чобану и Габриела Дука.