Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад од едно место на најновата ВТА рејтинг листа објавена денеска и сега таа е на 205.место.
Во конкуренцијата на двојки, Ѓорческа го задржа 129.место што е најдобар ранг во нејзината кариера.
Втората македонска тенисерка со ранг во поединечна конкуренција Магдалена Стоилковска е 1.173-та што претставува пад од едно место, додека во двојки е на 1.185 место со пад од пет позиции.
На врвот е Германката Анџелика Кербер, пред Серена Вилијамс и Агнешка Радванска.