Ѓоковиќ: Во Њујорк ќе бидам оној правиот Ноле

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ најави успешни игри на претстојниот УС Опен и освојување на трофејот.

– Терените, климата и атмосферата на УС Опен ми одговараат многу повеќе отколку во Синсинати. Оптимист сум и верувам дека во Њујорк ќе бидам оној стариот Ноле, оној кој освои девет грен слем титули, изјави Ѓоковиќ.

Србинот додаде дека за да стигне до трофејот ќе мора значително да го зголеми нивото на играта во споредба со последните негови настапи на турнирот во Синсинати.

– Според тоа како играв во текот на целиот турнир добро е што стигнав и до финалето и треба да бидам задоволен со тоа. Сепак, немам сега време да размислувам за поразот од Федерер во финалето, рече Ѓоковиќ.

Во досегашната негова кариера, српскиот тенисер од големите турнири има пет трофеи од Австралија Опен, три од Вимблдон, и само еден од УС Опен.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен