Ѓоковиќ во Австралија: Пожарите се трагедија, тажно беше да се гледа како играчите губат свест

Од:

Еден од најдобрите играчи во историјата на тенисот, Новак Ѓоковиќ ја коментираше состојбата на воздухот во Мелбурн, каде што утре започнува грен слемот „Австралија Опен“.

„Пожарите се трагедија за Австралија. Многу е непријатно да се види колку луѓе страдаат од сила која е многу тешко да се запре. Понекогаш природата покажува колку сме незначителни. Да бидам искрен, бев многу загрижен. Мелбурн на денот кога започнаа квалификациите беше најзагадениот град во светот. Тажно беше да се види како играчите ја губат свеста, како момчињата ја губат свеста. Но, времето во Мелбурн се менува многу брзо, се нарекува град од четири сезони. Силен дожд падна ноќеска, ветерот го расчисти небото. Последните три дена, воздухот е многу свеж, како да нема ништо“, изјави српскиот тенисер.

Тој се надева дека грен слемот во Австралија ќе мине во ред.

„Не знаеме дали ќе продолжи оваа состојба. Пожарите сè уште не се завршени. Но, заради здравјето и благосостојбата на играчите, се надеваме дека сè ќе биде добро. За среќа, турнирот има три терени со покриви на повлекување. Но, сеедно, има многу натпревари и играчи. Да се ​​надеваме дека најлошото заврши“, истакна Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска