Ѓоковиќ успешно ја започна одбраната на титулата во Пекинг

Од:

Првиот светски тениски рекет Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на АТП турнирот во Пекинг. Тој е бранител на трофејот на овој турнир освоен лани, а победувал и во 2009 и 2010 година.

Српскиот тенисер во 1. коло беше поуспешен од Лукаш Росол (Чешка) со 6:0 и 6:3.

Освен овој меч од денешната програма на машкиот дел од турнирот во Пекинг до овој момент завршени се дуелите:

Сем Квери (САД) – Михаил Јужњи (Русија) 7:6 и 6:3,
Флоријан Мајер (Германија) – Ришар Гаске 3:6 и 6:7,
Андреас Сепи – Станислав Вавринка 6:4, 3:6 и 4:6,
Фернандо Вердаско (Шпанија) – Сомдев Деварман (Индија) 7:6 и 6:3,
Џон Иснер (САД) – Ди Ву (Кина) 5:7, 7:6 и 6:3,
Маринко Матошевиќ – Жан Бенету 7:6 и 6:3,
Сантијаго Жиралдо (Колумбија) – Рожер Федерер 2:6 и 4:6.

Би можело да ве интересира

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен