Ѓоковиќ со амбиција да ги надмине Федерер и Надал по број на Гренд-слем титули

Од:

Откако го освои Отвореното првенство на Австралија по седми пат во својата кариера и стигна до 15-тата Гренд-слем тиутла, најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ посведочи за амбиции да стане број 1 по овој показател.

Во моментов, пред Ноле по број на трофеи од „големата четворка“ се само Рафаел Надал (со 17) и Роџер Федерер со 20.

Токму шпанскиот матадор беше поразен од Ѓоковиќ за последната титула по 6:3, 6:2 и 6:3.

– Ако продолжам да играм и да победувам, логично е да го преземам водството. Се чувствувам благословен што ги освоив овие 15. Знам дека пред мене има уште двајца, но сѐ уште имам време и не се брзам. Се чувствувам млад, свеж и во форма. Не мислам дека возраста може да биде ограничување. Колку подолго минува, толку подобар сум. Се разбира, морам да бидам уште подобар на теренот и да водам здрав начин на живот. Мислам дека најважното нешто е тенисот да го исполнува со љубов твоето срце и душа. Ако вашата глава вели продолжи, телото ќе слуша, изјави Србинот при петставувањето на трофејот во Кралската ботаничка градина во Мелбурн.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ со уште две цели до крајот на кариерата

Ѓоковиќ за поразот во Монте Карло: Ова е мој прв турнир на земја, сезоната е прилично долга

Татјана Ташкова

Крајот на Новак во Монте Карло

Ѓоковиќ и Надал изборија четвртфинале во Монако

Ѓоковиќ со 3-0 го совлада Надал за да стигне до седмата титула на Австралија Опен

Наум Локоски

Ѓоковиќ пред финалето со Надал: За вакви натпревари се живее

Наум Локоски