Ѓоковиќ прв финалист на УС Опен

Од:

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на УС Опен, откако во лош и помалку бизарен полуфинален меч го совлада Гаел Монфис со 3-1 (6-3, 6-2, 2-6, 6-2), за нешто повеќе од два и пол часа игра.

Бранителот на титулата Ѓоковиќ не блескаше, иако за 70 минути ги доби првите два сета, а од друга страна Монфис со своето однесување на почетокот на третиот сет го навлече гневот на публиката, која неколку пати го почести со свирежи.

Ѓоковиќ експресно стигна до 5-0, кога Монфис го започна своето шоу, започна да се однесува како да игра егзибиционен меч. Со таквото однесување Монфис успеа својот противник даго исфрли од ритам, освои три гема, но Ѓоковиќ го доби првот сет.

Во вториот српскиот играч целосно доминираше и лесно стигна до 2-0 во сетови, но не успеа доминацијата од вториот да ја пренесе и во третиот сет.

Иако прв стигна до брејк и водство од 2-1, поради проблемите со рамото нивото на неговата игра опадна, а Монфис кој беше почестен со свирежи започна да игра како знае и успеа да го добе третиот сет.

Четвртиот сет донесе драма на теренот, најмногу поради очигледните здравствени проблеми со кои се соочуваа двајцата, Ѓоковиќ по мечот изјави дека големата влажност на воздухот ги предизвикала проблемите кај него без да го спомене рамото, поради кое побара лекарска интервенција.

На крајот сетот заврши со 6-2 за српскиот тенисер, кој ја забележа 13-та победа на д Монфис во истот толку мечеви, односно се избори за своето седмо финале во Њујорк, вкупно 21-во во кариерата.

Противник во финалето ќе му биде победникот од мечот помеѓу Стан Вавринка и Кеи Нишикори.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ – прв финалист на US Open

Од:

Новаќ Ѓоковиќ ќе го игра своето петто финале на US Open, откако во полуфиналето во Њујорк го совлада Станислас Вавринка со резултат 2:6, 7:6 (7-4), 3:6, 6:3, 6:4.

Ѓоковиќ имаше 38 директни поени и 46 неизнудени грешки, 9 асови и 6 дупли грешки. Вавринка забележа 57 винери и 69 грешки. И двајцата имаа еднаков број на поени – по 165.

Мечот траеше четири часа и 12 минути. Српскиот тенисер со оваа победа го зачува првото место на АТП листата, а во финалето ќе се сретне со победникот од дуелот Надал – Гаске.

 

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ