Ѓоковиќ против Зверев во полуфиналето на УС Опен

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на последниот грен-слем турнир во оваа година, УС Опен, откако го совлада во четвртфиналето Италијанецот Матео Беретини со 5-7, 6-2, 6-2, 6-3, додека кај тенисерките пласман во полуфиналето избори Марија Сакари од Грција.

Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Германецот Александар Зверев, кој со 7-6, 6-3, 6-4 беше поуспешен од Јужноафриканецот Лојд Харис.

Ѓоковиќ до својата четврта победа во дуелите со Беретини дојде за три часа и 30 минути и сега е на само две победи од рекордна 21 грен -слем титула во кариерата и четврта во оваа година.

Гркинката Сакари, 17. на ВТА листата, пласманот во полуфиналето во Њујорк го обезбеди со победа од 6-4, 6-4 над Каролина Плишкова од Чешка, а за пласман во финалето ќе мора да ја победи британската сензација Ема Радукани, 15. на ВТА ранг-листата.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ го совлада Медведев и ја освои 24 Грен слем титула

ВИДЕО: Коко Гоф го освои УС Опен

Алкараз: Се предомислив, треба уште да учам

ВИДЕО: Ѓоковиќ му ја спушти слушалката на Шелтон-реакција за начинот на прослава на победата

Предраг Петровиќ

Медведев го елиминира Алкараз и закажа финале со Ѓоковиќ!

Предраг Петровиќ

Џере поведе со 2-0, а Новак се налути и сврте на 3-2