Ѓоковиќ последен четвртфиналист на Вимблдон

Од:

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во четвртфиналето на Грен слемот Вимблдон откако попладнево во решавачкиот петти сет беше подобар од Кевин Андерсон со 7:5 за конечни 3-2 во сетови.

Мечот почна вчера и беше прекинат при резултат 2:2 во сетови поради темница, а денеска доцнеше поради дожд.

Андресон вчера поведе со 2:0 во сетови добивајќи ги двата сета во тај брејк идентично со 8:6 на поени. Ѓоковиќ беше поуспешен во следните два сета со 6:1 и 6:4 во гемови.

Ѓоковиќ утре за место во полуфиналето ќе игра против Марин Чилиќ.

Денеска на Вимблдон се играат четвртфиналните мечеви во женска конкуренција.

Двојките се: Марија Шарапова – Коко Вандевеге, Гарбине Мугуруза – Тимеа Башчински, Серена Вилијамс – Викторија Азаренка и Медисон Кејс – Агнешка Радванска.

Би можело да ве интересира

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ

Седум тенисери се суспендирани поради местење натпревари

Горан Наумовски