Ѓоковиќ му одржа лекција на Девилде

Од:

Новак Ѓоковиќ му одржа лекција на французинот Никола Девилде во третото коло од Ролан гарос, совладувајќи го со убедливи 6:1, 6:2, 6:2 и помина во осмина финалето каде ќе игра против Италијанецот Андреас Сепи од кога нема изгубено во кариерата.

Рожер Федерер исто така се пласираше во осмина финалето од Ролан Гарос откако денеска успеа да слави над еден од домашните миленици, Николас Маху.

Слично како и во претходниот меч, на Швајцарецот повторно му беа потребни четири сета за конечно да го скрши отпорот на противникот и да стигне до победата, славејќи со конечни 6:3, 4:6, 6:2, 7:5. Најдобриот светски тенисер на сите времиња не би требало да има проблеми ниту во следната рунда, ако се знае дека за противник ќе го има Белгиецот Давид Гофин, моментно рангиран како 109. светски тенисер на АТП-листата.

Томаш Бердих со многу проблеми славеше со 3:2 во сетови над Кевин Андерсон и во најинтересната пресметка од четвртото коло ќе се сретне со Хуан Мартин дел Потро, кој денеска рутински го совлада Марин Чилиќ со 6:3, 7:6, 6:1. Домашниот миленик Жо-Вилфред Цонга дојде до лесна победа над Италијанецот Фоњини и во следната рунда за противник ќе го има Вавринка, кој денеска веќе елиминираше еден француски тенисер, единаесеттиот носител Жил Симон со 3:2 во сетови.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ