Ѓоковиќ: Моето ниво оваа недела е повисоко отколку во последните месеци

Од:

Новак Ѓоковиќ направи совршени подготовки за Мастерс турнирот во Шангај, откако ја освои титулата во Токио без да изгуби сет. Во финалето, Ноле беше категоричен против Џон Милман и му требаше нешто повеќе од еден час за да го постигне тоа – 6-3 6-2.

По натпреварот, шампионот изјави дека е задоволен од изминатата недела.

– Помина фантастична недела. Се чувствував одлично на теренот, а надвор од него Јапонците многу ме поздравуваа и ме натераа да се чувствувам како дома, изјави Србинот.

Во врска со неговиот настап, Светскиот број 1 изјави: „Не изгубив сет, играв навистина добро, одлично сервирав. Севкупното искуство беше одлично. Мислам дека моето ниво е повисоко оваа недела во споредба со последните неколку месеци. Се надевам дека ќе продолжам вака и во Шангај“.

На претстојниот Мастерс, Србинот ќе стартува против Френсис Тиафо или Денис Шаповалов.

Би можело да ве интересира

Дамева: Се надевам дека пресудата на Управниот суд е почеток на враќањето на довербата во судството

ВИДЕО: Петмина загинати во леталото на крајбрежната стража кое се судри со изгорениот авион

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Изгоре авион на писта на аеродром во Токио

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Токио: Четири лица се повредени, тројца во тешка состојба

Горан Наумовски

Јапонија им нуди на семејствата по 7500 долари по дете доколу се иселат од Токио

А1он

Јапонија одобри двојно зголемување на воениот буџет до 2027 година

А1он