Србинот Новак Ѓоковиќ е пред губење на лидерската позиција на АТП листата.
Енди Мареј е човекот кој има големи шанси да се искачи на врвот, за што српскиот тенисер вели дека нема да биде незаслужено ако се случи. Британецот попладнево игра со Милош Раониќ во полуфиналето на Мастерсот во Париз. Потребна му е победа да стане и прв светски рекет.
„Тој е играч што дефинитивно заслужува да биде број еден. Неверојатен е начинот на кој го подигна своето ниво во последните 12 месеци. Иклучително почитувам се што постигна. Одамна се познаваме. Мислам дека имав 11 годии кога за првпат игравме еден против друг“, рече Ѓоковиќ.