Ѓоковиќ ќе настапи на Австралијан Опен, забраната е укината, ќе добие виза

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола да се натпреварува на следниот Австралија опен бидејќи му е вратена можноста да добие виза во Австралија, пишува австралискиот весник „The Age“. На Ѓоковиќ не му беше дозволено да се натпреварува на последниот гренслем во Мелбурн бидејќи не е вакциниран против коронавирусот.

По две судски рочишта, австралиската влада му ја укина визата и го депортираше од земјата. Исто така, со правосилната пресуда му беше забрането да вади виза во наредните три години, која денеска е укината.

Тогашниот министер за имиграција Алекс Хок објасни дека укинувањето на визата на Ѓоковиќ е „во јавен интерес“.

Отвореното првенство на Австралија следната година ќе се одржи од 16 до 29 јануари.

Ѓоковиќ го држи рекордот по бројот на освоени титули во Австралија, а досега има девет победи во Мелбурн. Србинот моментно е осми тенисер во светот и втор во историјата по бројот на освоени гренслем титули (21). Пред него е само Рафаел Надал кој има една повеќе.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец

Новак Ѓоковиќ откри кога ќе ја заврши кариерата