Ѓоковиќ со победата над Кецмановиќ до осминафиналето на Вимблдон

Од:

Првиот носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со феноменален меч го совлада Миомир Кечмановиќ со 3:0 (6:0, 6:3, 6:4).

dobivaj vesti na viber

Со тоа Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на турнирот, кој во кариерата го освојуваше седум пати. Во следниот меч Ѓоковиќ ќе се сретне со Тим ван Ријтовен од Холандија.

Не се памети дека Новак одиграл толку добар сет, како што беше во првиот од овој меч. За само 24 минути го исчисти својот сонародник од познатата трева на Вимблдон.

Од самиот почеток, Кецмановиќ делуваше стегнато поради притисокот од играњето на централниот терен, но многу брзо стана јасно дека се е производ на извонредната игра на Ѓоковиќ.

По само 24 минути беше решен првиот сет, а во вториот Кецмановиќ сепак почна да игра нешто поопуштено и значително подобро.

По истиот рецепт, Новак продолжи да го меле и во третиот сет и набрзина оствари две брејк топки и водство од 5:2.

Тој сервираше за мечот, но неговиот сонародник го изненади и направи брејк, а потоа сервираше за 5:4.

Но, Кецмановиќ не можеше повеќе од тоа и Ѓоковиќ многу рутински го доби натпреварот за пласман во осминафиналето.

Би можело да ве интересира

За Ѓоковиќ забранет и турнирот во Монтреал-бараат да прими вакцина

Роџер Федерер не му честиташе на Ѓоковиќ за титулата на Вимблдон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Белграѓани го дочекаа Ѓоковиќ: Ги постигнав најголемите успеси, но сè уште сум гладен

ВИДЕО: Илјадници го чекаат Ѓоковиќ во Белград

Предраг Петровиќ

Ѓоковиќ да ги врати парите од наградниот фонд на Вимблдон

Предраг Петровиќ

Британските медиуми пред финалето со навреди за Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга

Предраг Петровиќ