Новак Ѓоковиќ е првиот тенисер кој обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Лондон, откако синоќа во рамките на 2. коло од групата „Иван Лендл“ го победи Милош Раониќ со 2:0 во сетови.
Двата сета Ѓоковиќ ги доби во тај брејк, првиот со 8:6 на поени, а вториот со 7:5.
Покрај двете победи Ѓоковиќ го обезбеди и првото место во групата, бидејќи во првиот меч од вчерашната програма Доминик Тием го совлада Гаел Монфис со 2:1 во сетови.
Во третото коло од оваа група Ѓоковиќ ќе игра против Монфис, а за пласман во полуфиналето и за второто место ќе решаваат: Раониќ и Тием.
Денеска се играа мечевите од 2.коло од групата „Џон Мекинро“. Од 15 часот е дуелот на победниците од првото коло Енди Мареј – Кеи Нишикори, а од 21 часот играат Марин Чилиќ и Стан Вавринка.