Ѓоковиќ го освои Рим, стана најстариот шампион во „вечниот град“

Од:

Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ е новиот шампион на турнирот во Рим. Најдобриот тенисер на светот стигна до петтата титула во „вечниот град“ по победата над Аргентинецот Диего Шварцман со 7:5, 6:3.

Србинот ја освои рекордната 36-та титула на Мастерс-турнирите и по тој показател е на првото место на вечната ранг-листа. Ѓоковиќ стигна и до вкупно 81 трофеј во кариерата.

Триумфот на Новак му донесе нови 400 АТП поени, со кои ја зголеми предноста пред второпласираниот Рафаел Надал. И сето тоа се случи на денот кога го престигна Пит Сампрас на второто место на вечната листа според бројот на недели поминати на првата позиција.

33-годишниот Ѓоковиќ стана најстариот шампион во историјата на Мастерсот во Рим.

Шварцман се бореше за првата титула на турнирите од серијата 1.000, но по фантастичните победи над Надал и Шаповалов, не можеше да го совлада првиот тенисер во светот.

Би можело да ве интересира

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Монте Карло

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Ѓоковиќ: Иванишевиќ ми е доживотен пријател, не знам кој ќе го замени

После пет години: Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Ѓоковиќ: Морам да ги балансирам приватниот и професионалниот живот, ќе се вратам во Мајами

ВИДЕО: Индијан Велс заврши за Ѓоковиќ, елиминиран е од 20-годишен Италијанец