Ѓоковиќ ги отвора терените на босанските пирамиди

Од:

Денес, среда, во Високо, но и во Босна и Херцеговина, ќе биде во знакот на тенисот. На отворањето на тенискиот комплекс доаѓа седумкрикратниот шампион на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, а друштво ќе му прават Аљаж Бедене, Иван Додиг и Алдин Шеткиќ.

dobivaj vesti na viber

Српскиот тенисер ќе настапи во егзибициски меч во Високо во рамките на отворањето на тениските терени во археолошко-туристичкиот парк „Равне 2“ кај таканаречените босански пирамиди.

Ѓоковиќ ќе игра во двојки со босанскиот тенисер Алдин Шеткиќ против Хрватот Иван Додиг и Словенецот Аљаж Бедене.

Програмата во Високо почна во 10 часот со дуелите на кадетските селекции на Босна и Херцеговина, Србија, Италија, Словенија, Хрватска и Македонија.

Ѓоковиќ треба да излезе на теренот околу 16 часот.

Еден од најдобрите тенисери во историјата последниве години е чест гостин во Високо, речиси редовно го посетува археолошкиот парк по големите турнири.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Веќе нема шанси Ѓоковиќ да настапи на САД опен: Нема да можам да патувам за Њујорк

Ју-ес опен навести дека Ѓоковиќ нема да игра

Дозволете му на Ѓоковиќ да игра на Ју-ес опен

Каспаров: Ѓоковиќ и Овечкин се пример за општествената отупеност

Победникот на Вимблдон падна за четири места на АТП листата

ВИДЕО: Ѓоковиќ го изненади принцот Џорџ, му го даде пехарот од Вимблдон

Катерина Павлова-Николовска