ВИДЕО: Ѓоковиќ елиминиран на Австралија опен од 117. тенисер во светот

Од:

Бранителот на титулата и шесткратниот освојувач на трофевот на „Австралија Опен“, Новак Ѓоковиќ, го заврши својот настап на првиот Гренд слем турнир годинава.

За сензацијата се погрижи Узбекистанецот, Денис Истомин кој е рангиран на 117-то место на АТП листата.

Тој во мечот од второто коло кој траеше речиси пет часа го совлада Ѓоковиќ со 3-2 по сетови 7:6, 5:7, 2:6, 7:6 и 6:4.

Првиот сет кој траеше 88 минути, а го доби Истомин со 7:6 беше најава за долг и неизвесен меч. Ѓоковиќ се врати во игра и ги доби следните два со 7:6 и 6:2, но Узбекистанецот не помисли на предавање, па по тај-брејкот го доби четрвтиот сет со 7:6 за израмнување на резултатот на 2-2 во сетови.

По голема борба во решавачкиот пети сет на крајот Истомин беше оној кој се радуваше добивајќи го со 6:4, за конечни 3-2 во сетови.

Истомин е првиот тенисер кој не е меѓу најдобрите 100, а кој успеал да го победи Србинот на некој од Грен слем турнирите.

Ѓоковиќ, кој во Мелбурн има шест титули, од кои четири во последните четири години, а само во 2008 година беше елиминиран во втората рунда. Со овој пораз Србинот ги загуби шансите да го врати местото број еден на АТП листата, а воедно ќе загуби многу бодови, со оглед на тоа што ја бранеше титулата од минатата сезона.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ