Ѓоковиќ без проблем до третото коло

Од:

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ без проблеми се пласираше во третото коло на Вимблдон совладувајќи го Танаси Кокинакис со резултат 6:1, 6:4, 6:2.

Новак делуваше многу побезбедно на овој меч отколку на воведниот меч против Сунва Квон, кога загуби еден сет.

Тој беше расположен за игра на Централниот терен, а навивачите можеа само да уживаат во „танцот“ на шесткратниот победник на овој турнир.

Кокинакис пружи одреден отпор само во вториот сет, но колку беше далеку од какво било изненадување доволно говори и фактот што ја имаше првата брејк топка во гемот во која Новак сервираше за меч.

Новак во третото коло ќе игра против Миомир Кецмановиќ, кој по четири сета беше подобар од Алехандро Табил.