По успешното деби на тренерската функција во Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс рече дека се чувствува најдобро во 27-годишниот негов престој во овој клуб.
– Во сите овие години поминати на „Олд Трафорд“ од младинските категории, преку сениорскиот тим, па до сегашната функција, имам најдобро чувство. Уживав во победата, во играта. Многу сум среќен и за мене ова беше прекрасен ден, изјави Велшанецот.
Тој додаде дека пред натпреварот со Норвич кој Манчестер го доби со 4:0 се обидел да им влее самодоверба на играчите.
– Им реков дека кога тие играат како што треба и го диктираат ритамот, нема многу екипи што можат да ги сопрат. Тоа одлично го прифатија и го спроведоа на теренот, рече Гигс и одби да кометира за можноста да ја добие довербата од сопствениците да го води клубот следната сезона.